Драги читатели, чест и задоволство ни е да ве известиме за вториот по ред 2cv picnic организиран од страна на нашиот клуб, за прв пат како официјален собир после нашето реосновање во Март оваа година. Собирот ќе се одржи во село Држилово, Скопско.
Иако е најавен како Првомајски собир, сепак истиот ќе се одржи еден ден порано, во Недела, 30.04.2023 година. За овој 2cv picnic, организиран од нашиот клуб со гости учесници од Љубители на Мини Класик Скопје, Буба клуб Скопје, Пежо 404 клуб како и останати најавени гости, ќе биде со следната агенда на движење на колоната.

Дел од атмосферата од минатогодишниот собир.
- 8:30-9:00 часот, собирање на учесниците пред SuperTinex Market, на булевар Борис Трајковски.
- 9:00 се тргнува од Tinex, во колона кон раскрсницата за Berovic Petrol.
- Од Berovic Petrol во 9:10 часот се движиме кон Марков Манастир.
- Околу 9:20 часот се движиме од раскрсницата за Марков Манастир кон раскрсницата за Елово и Осиничани и вртиме лево. За 100 метри се врти десно кон Држилово, Патишка река.
- Се вози низ живописната клисура со брзина од 30/40 км/ч за да може да снимате и разгледувате.
- Се поминува во месноста Река кај раскрсницата за с.Држилово. До тука има 25км.
- Продолжуваме уште 5км кон ливадата кон Патишка река и таму ги сместсуваме возилата во круг и вториот по ред 2cv picnic може да започне.
- Важна напомена:
Пожелно е секој да си носи во своето возило опрема за излет:
– Столчиња, масичка, креветчиња, чадор за сонце, капа, наочари и останата неопходна опрема за настан од овој вид.
Љубителите на скара нека си понесат скара и ќумур додека вегетаријанците пожелно е салата(во што поголема количина дека иде со скарата) и овошје. - Строго дозволено од страна на организаторите на овој 2cv picnic е:
– Носење неограничена количина на безалкохолни пијалоци, може и по некое пиво во случај на пожар.



