Клуб Спачек

Регистрација: 23.3.1998

Полно име: “Клуб на пријатели на 2цв (Цитроен-Спачек)” – Скопје

Основачи:

  • Љупчо Поповски
  • Борис Георгиев
  • Здравко Стаматоски
  • Дарко Мојсеев
  • Јана Ацевска
  • Драган Стојанов
  • Методија Антовски
  • Михајло Поповски
  • Деан Божиновски
  • Жана Поповска

Статут:

  • Развивање и унапредување на спортскиот автомобилизам.
  • Унапредување на спортскиот дух помеѓу членовите во клубот.
  • Учествување во решавањето на проблемите во изнаоѓање резервни делови, опрема и организирано обезбедување во истите, стручна помош и соработка помеѓу членовите во клубот.
  • Водење на евиденција на бројот на автомобилите – Спачек.
  • Организирање на трки и други манифестации со намера да се анимира што поголем број на граѓани во остварување на целите на Здружението.
  • Да иницира и учествува во промените и изработката на правните прописи кои се директно или индиректно поврзани со автомобилизмот.
  • Создавање на услови за развој на автомобилизмот
  • Соработка со друштва, организации, установи и останати правни лица со сродни клубови, здруженија, организации, установи во земјата и странство.
  • Учество на меѓународни настани од областа на автомобилизмот и учество во Спачек камповите.

Оригинален документ од основањето на клубот во 1998 година.

РЕОСНОВАЊЕ

Регистрација: 30.01.2023

Полно име: “Здружение – авто клуб за историски возила ЦИТРОЕН 2ЦВ КЛУБ Скопје”

Основачи:

  • Методија Антовски
  • Љупчо Унковски
  • Ристо Велигденов
  • Филип Василевски
  • Марјан Мијовски

Основни цели и задачи на клубот се:

  • Го развива и поттикнува развојот и интересот за историски возила (стари сочувани Цитроенови возила од моделот 2цв и дериватите).
  • Ги координира и усогласува програмските активности во областа на историските возила.
  • Се грижи за развој на авто-мото спортот со историски возила.
  • Се грижи за создавање на поповолни услови за развој на авто-мото спортот и организирање на натпревари и изложби на историски возила.
  • Ги застапуваат интересите на своите членови пред институциите во земјата и надвор од неа.
  • Ги поттикнува и развива добрите морални и спортски обичаи.
  • Врши и други работи и задачи кои се од заеднички интерес на членовите на клубот, а се утврдени со Закон или друг акт.
  • Покренува иницијатива за донесување на закони и прописи за заштита и унапредување на историските возила и авто-мото спортот.

Оригинален документ од реосновањето на клубот во 2023 година.