Ден после нашиот “празник”, роденденот на Спачекот но и 25 години од постоењето на нашиот клуб, Клуб Спачек, настан кој се одржа во паркот на Франкофонијата кој во фокусот секако беа нашите Спачеци, дојде време да ги сумираме нашите впечатоци и да направиме една ретроспектива кон истиот.

Настанот поддржан од страна на Автонова, официјалниот застапник за Ситроен во Македонија како и од страна на КарКлуб, најголемиот онлајн медиум во нашата држава, најпрво, во 10 часот започна со дефиле на Спачеците од нашиот клуб до салонот на Автонова, кадешто бевме срдечно пречекани од нашите домаќини. Клуб Спачек за спомен и одбележување на 75от роденден, на домаќините им додели 2cv фигура која ќе е симбол на нашата идна соработка. Фотосесијата со нашите автомобили пред салонот на Автонова беше секако неизбежна а беше дело на Андреја, пред се наш пријател и прв човек на Кар Клуб.

Настанот според планот, продолжи во паркот на Франкофонијата, кадешто фокусот беше ставен на славеникот, на Спачеците, кои беа придружувани од страна на знаменосецот на нашата омилена марка, новиот Ситроен C5X заедно со директорот на продажба на Автонова, којшто ни беше голема чест што не удостои со своето присуство на овој голем ден како за сите нас така и за Ситроен како бренд на трајност.
После закуската пригоден говор одржа и претседателот на Клуб Спачек Скопје, сликање со сите учесници на настанот како и сечење на роденденската торта.

За задоволството да биде уште поголемо, радоста на дечињата кои си играа во паркот и ги гледаа со воодушевување нашите стари автомобили и си добија боенки и макети со мотиви на Спачекот, беше непроценлива. Не смееме да ја заборавиме и повозрасната популација која уживаше во настанот и во автомобилот, кој за многумина од нив, Спачекот и Дијаната биле прв автомобил кој го поседувале во својот живот, автомобили кои ја одбележале нивната младост и ги врзуваат многу убави спомени за истите.
Што се однесува до нас, мисијата беше исполнета. До следното гледање,
Ваш Клуб Спачек.
https://www.youtube.com/watch?v=cE8ghKUPEUU
Галерија
Previous slide
Next slide



