25th International meeting of 2cvs friends Slovenia 2025 со нова локација – Постојна

Драги пријатели, љубители на Спачеците, после долготрајните и макотрпни напори, пронајдена е замената на Випава како место на кое ќе се одржи светскиот собир на љубителите на Спачекот 25ти по ред уште од 1975 година, а тоа е Постојна односно аеродромот во истоименото место.

2cv world Meeting Постојна
Постојна се наоѓа на само 25км од првично планираната локација а тоа е Випава. До оваа промена дојде како резултат на мрежата Натура 2000, чијашто главна цел е да се зачува биолошката разновидност за идните генерации, како клучен дел во функционирањето на екосистемот. Истата претставува најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот. Сочинува над 18% од копното и скоро 6% од морската територија на ЕУ. Во истата спаѓа Випавската долина.
Постојна
Постојна претставува одлична алтернатива на првично планираната локација, нудејќи слична инфраструктура, вклучувајќи продавници, бензински станици како и медицински установи. Се наоѓа на само 50 км од главниот град на Словенија, Љубљана и е дом на познатата Постојнска пештера.
Meeting Постојна
За оние кои не се љубители на кампирањето и веќе имаат резервирано сместување во Випава, ве уверуваме дека во Постојна постојат исто така голем број на опции за сместување и слетствено на тоа пронаоѓањето на ново сместување нема да претставува никаков проблем.
2cv World Meeting - soon in Постојна
Првиот Светски собир на Спачекот и неговите пријатели како е уште познат е одржан за прв пат во 1975 година во Финска, иако неофицијално првиот ваков собир е одржан во Пореч, во поранешна Југославија поточно република Хрватска, во 1973 година. Како интересен факт може да се издвои дека корените на ваквите собири на нашите простори влечат корени од нашата Република, бидејќи сличен настан е одржан уште во 1971 година во Хотел Белви(за истото ќе има посебен артикл на нашиот сајт).
Светскиот собир се одржува на секои 2 години почнувајќи официјално од 1975 година па се до ден денес. На истите присуствуваат во просек по 4.000 автомобили и преку 10.000 учесници од целиот свет. Нашиот клуб е присутен на секој светски собир од 1997 година одржан во Еендендам, Холандија.

Регистрацијата ќе чини од 120-140 евра во зависност од местото на регистрација, дали ќе биде на лице место или пак онлајн преку вебсајтот.

Се гледаме во Постојна од 29.07-03.08.2025 година, ваш Клуб Спачек.