Кандидатура – 27th World Meeting of 2cv Friends 2029

Logo Macedonia World Meeting 2029

Почитувани љубители на Спачекот, на наше големо задоволство откако се создадоа сите потребни услови и ја добивме целосната поддршка за кандидатура од нашите земји пријатели и истомисленици на меѓународно ниво, беше донесена и официјална одлука нашата земја да биде кандидат за домаќин на 27th World Meeting of 2CV Friends во 2029 година.

World Meeting Switzerland

Последниот светски собир во Делемонт – Швајцарија

Зошто да не? Македонија е вистинското место за Светски собир на 2cv пријатели односно пријатели на Спачекот.
Македонија, земја на природни убавини, историски богатства и незаборавни пејзажи, сега има шанса да стане домаќин на 2cv светскиот собир.
Добредојдовте во земјата на неоткриени убавини и неповторлива култура. Нашата земја е скриено богатство, кое нуди уникатни природни пејзажи, традиција и топли луѓе кои ќе ви го направат секој момент незаборавен. Од спокојните планински предели, до кристално чистите езера и шарените традиции, овде секој ќе најде нешто за себе.

Нашиот клуб „Цитроен 2ЦВ Клуб“ – Клуб Спачек, кој е место каде што се собираат љубителите на легендарниот автомобил „Спачек“, ова лето ќе се кандидира за организирање на светскиот собир на овие возила што се одржува секоја втора година во различна држава. Во 2025 светскиот собир наречен „WORLD MEETING OF 2CV FRIENDS“ ќе се одржи во Постојна, Словенија од 29.07 до 03.08. Македонскиот 2ЦВ на овој собир ќе ја претстави својата кандидатура за организирање на светскиот собир во 2029 година.

2cv Спачек meeting in Ohrid

Инсерти од нашиот собир во Љубаништа – 2024

Подготвени сте за незаборавна авантура?
Нашата земја има идеални услови за одржување на Светскиот собир. Ви го гарантираме најдобро искуство и се надеваме дека ќе го почувствувате духот на нашата земја.

Ние како клуб сме активни учесници на “World Meeting of 2cv Friends” уште од далечната 1997 година во Еендендам – Холандија, па се до ден денес. Традицијата продолжува со надеж дека нашата земја ќе биде земја домаќин на најголемиот и најмасовниот настан во историјата на автомобилизмот во 2029 година.

Да ја направиме Македонија светска дестинација за 2cv ентузијастите!

Ваш, Цитроен 2цв Клуб – Клуб Спачек.