ПРЕДМЕТ: Понуда за соработка при организацијата на Светски собир на Citroën 2CV возила

Почитувани,

Ние сме Citroën 2цв Клуб Скопје, единствениот клуб на ентузијасти за 2цв автомобили во Македонија. Ни припадна честа во 2029 да го организираме Светскиот Собир на љубителите на Citroën 2CV возила.

Ние сме дел од светското здружение ACI, кое обединува повеќе од 70.000 луѓе. Спачек, Citroën 2CV, малиот автомобил, кој беше дизајниран за моторизација на Франција по Втората светска војна, стана многу популарен, дури и култен, веднаш по неговото појавување на 07.10.1948 година.
Во 1960-тите години неговите обожаватели почнаа да се обединуваат во клубови и да се дружат на собири. Имавме еден од првите ( во 1964 година, по Финците, а пред Французите) вакви клубови во нашата поранешна земја Југославија (YU AS KLUB), а по нејзиниот распад, го основавме Клубот на пријатели на Citroën Спачек во Македонија во 1998 година. Феноменот на 2цв светски собири започна во 1975 година во Финска и оттогаш, на секои две години, ние, ентузијастите на 2CV, се среќаваме на „WORLD MEETING OF 2CV FRIENDS“ пркосејќи му на времето, патувајќи со нашите 50-годишни автомобили некаде низ светот – пред три години во Швајцарија – минатата година во Словенија – во 2029 година во Македонија.

И што значи тоа? Минатогодишниот јули, над 8.000 луѓе и речиси 3.000 постари автомобили Citroën се собраа во Постојна една недела! На површина од 30 хектари се разви вистински град – со голем шатор за настани, кулинарски понуди, музеј на историски модели на Citroën – и секако со целата потребна инфраструктура за кампување – тоалети, тушеви, водоснабдување, собирање ѓубре итн.

Бидејќи сеуште не сме одлучиле за место на одржување на настанот, се обраќаме на Вашата општина. Доколку имате простор од околу 30 хектари и доколку сте заинтересирани да соработувате со нас во неговото организирање, ве молиме веднаш контактирајте не – За да видите за каков огромен проект се работи можете да погледнете на web-страната односно линкот https://2cv2025.si/. Замислете што значи за вашата општина да дојдат 8.000 љубопитни, весели, исклучително мирни и интересни луѓе да престојуваат една недела на локација во вашата општина.

За сите дополнителни прашања, ви стоиме на располагање
Претседател на организационен одбор: Филип Василевски 077 859 799
Претседател на клубот: Љупчо Унковски 075 840 343
email: citroen2cvklub@gmail.com

Бидејќи сакаме што е можно попрецизно да утврдиме до кој степен би можеле да соработуваме со вашата општина, ви испраќаме табела како прилог која содржи список на барања што мора да ги земеме предвид при организирање на ваков настан. Би сакале да дознаеме од вас дали овие барања би можеле да бидат исполнети во вашата општина.

Доколку претпочитате да го пополните формуларот електронски, табелата може да ја најдете подолу.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме испратете ни го пополнетиот формулар по пошта или е-пошта најдоцна до 15.12.2026