YU-AS Клуб

Yu-As Klub Logo


Кој е и што претставува легендарниот YU-AS клуб, најголемиот и најстариот клуб како на Балканскиот полустров па така и во светски рамки во светот на автомобилизмот.

70-ти години и прв светски собир

Крај на златната доба

80-ти години и почеток на крајот

Историја

YU-AS била ознака за Југославија и АС за Ами и Спачеци. Овој клуб е основан во далечната 1965 година во Белград по предлог на неколку луѓе од тамошниот сервис и љубители на тогашните сеуште нови Ситроени.
Тоа било доба без мобилни телефони, без интернет, факс, кога писмото, телеграмот и обичниот телефон биле единствено средство за комуникација, а 6V/18 КС Ситроени ја напуштале производствената трака од фабриката Томос од Копер и ги краселе авто салоните низ разни градови и биле дел од сообраќајниот метеж.

Томос во секое возило имал 38% учество и одлично соработувал со Ситроен – Париз. Југославија била 8-мо интересно подрачје на Ситроен со годишно производство на 4500 автомобили.
Првите собири од страна на YU-AS клубот се организираат од 1965 година, кога е регистриран и клубот. Собирите се одржуваат во градовите ширум Југославија, во Скопје истиот е одржан во 1972 година во хотел Белви(посебна ексклузивна статија од страна на Клуб Спачек на таа тема наскоро следи).
YU-AS Member Card

Членска книшка на YU-AS Клубот

70-ти години и прв светски собир

Значи уште во времето на производство на овие автомобили, луѓето ја препознале специфичноста на Ситроеновите возила, необичен дизајн и одлучиле да формираат клуб.
Клубот функционирал на непрофитабилна база, а главна личност која 10 години го придвижувала, анимирала, координирала и управувала со клубот бил белградскиот интелектуалец и новинар, Павле Кичевац.

Листајќи низ материјалите од тоа време, се добива впечаток дека се работело за личност со неверојатно голема енергија, алтруизам, идеалист и хуманист, односно човек кој долг низ години држел една нота на праведност и пријателство која создавала атмосфера на големо задоволство во клубот.
Павле бил “човек за се” – претседател на клубот, главен уредник на клупскитата новина и потписник на жиро сметките.
Првиот број на клупската новина излегол во 1970 година. Новините се одликувале со висок квалитет во смисла на пишан материјал и опстанале токму поради неговата новинарска професија, Павле го знаел целиот процес на создавање на еден таков лист.
Истите новини од страна на Ситроен-Париз се прогласени за најубави и најдобри клупски новини, а YU-AS како најактивен Ситроен клуб на светот.
Листот излегувал 3 пати годишно и бил единствен медиум кој ги поврзувал членовите, носел клупски и технички текстови, се пишувало за новитетите од тоа време како на пример за производството за новиот модел на Ситроен GS или Ситроен 2cv со моторизација од 32 коњски сили.

YU-AS клуб, административно бил сместен во Белград и имал еден голем клупски собир на годишно ниво.
Клубот имал одлична соработка со Томос кој во 1972 година ги здружил своите сили со Искра и Ситроен и така настанала фабриката CIMOS. Со CIMOS е потпишан договор на 5 години за меѓусебна соработка.

Најголемото достигнување на клубот кое засекогаш ќе биде запишано со големи букви во историјата на Ситроен е 1973 година и организација на ПРВИОТ СВЕТСКИ СОБИР НА СИТРОЕНИ во ПОРЕЧ на којшто пристигнале 750 Ситроени од 18 држави.
Како изгледал првиот светски собир на Ситроени во светот
Крај на златната доба

Павле Кичевац во 1974 година поднесува оставка од сите свои дотогашни функции и со тој чин дефинитивно завршува златната доба на YU-AS клубот.

Павле дал оставка поради тоа што во клубот почнале да се создаваат фракции(секции кои почнале да функционираат како клуб во клуб и да присвојуваат одредени повластувања), некои луѓе не биле повикувани на годишните собранија на клубот првенствено претседателите на секции(на пример секцијата Мајданпек), голем дел од првобитните клупски идеи биле игнорирани и слично. Сепак кулминацијата се случила кога Словенците на Похорје направиле собир со национални обележја без дотогашната петокрака ѕвезда.

Веќе во првиот број од клупскиот билтен се виделе првите разлики, колку се станало сувопарно и досадно без неговите лирски и новинарски текстови, а истите ги уредувала г-ѓа Неда која работела во секцијата за маркетинг на CIMOS.

После Павле претседател бил Иван Стариќ, Коста Таназовиќ и на крај Јово Симиќ.

Собирите сеуште биле финансирани од страна на CIMOS со којшто клубот имал потпишан петогодишен договор(1975-1980 година).

Некои членови патувале и на светските собири во Швајцарија и Германија и истите се забележани во клупскиот билтен.
YU-AS klub driving skills

“Вожња спретности” – активност каде учесници ги покажуваат своите возачки способности

80-ти години и почеток на крајот

За почетокот на 80-тите години, карактеристична е ориганизацијата на мини-собири покрај веќе традиционалниот првомајски собир, па така се организирале собири во Сараево, Брежице, Нови Сад, Марибор, Мурска Собота.

Во 1984 година YU-AS брои 1200 членови и истата година настануваат секциите Крањ и Целје.

Интересно да се напомене е дека на првомајските собири доаѓале Спачекисти од Англија, Белгија, Германија и Аустрија.

Во втората половина на 80-тите години почнува клубот полека да се распаѓа и настануваат нови секции во Словенија, чиешто движење доживува ренесанса и се создаваат нови секции. Тоа најдобро го прикажувале статистичките бројки од првомајските собири кадфе освен Словенските секции доаѓале само секцијата Београд, Сараево и Нови Сад, но во многу мал број којшто не претставувал ни 10% од сите присутни Ситроени.

Последниот првомајски собир на YU-AS клубот се одржал во 1991 година во Новиград, клубот спаѓа на мизерни 270 членови и истиот се распаѓа.

Со престанокот на постоењето на YU-AS клубот, Словенците се втемелуваат со нивниот CITROEN KLUB SLOVENIJE и ја превземаат организацијата на светскиот собир во Марибор во 1995 година кој првично го добил YU-AS клубот четири години порано и продолжуваат со традицијата на првомајски собири во сопствена режија која трае и до ден денес.

Извор: Citroen Klub Croatia