7 Октомври е датумот кога Ситроен пред 75 години на Салонот на Автомобили во Париз го претстави својот легендарен модел Citroen 2cv4 односно Спачек, но и оваа година воедно претставува јубилеј кога нашиот клуб, Клуб на Пријатели на Спачекот беше формиран пред точно 25 години, заедно тој голем датум ќе го прославиме на начин каков што прилега а тоа е секако, погодувате, изложба во Паркот на Франкофонијата.

TPV (Toute Petite Voiture) – Првиот прототип на Спачекот
А сега малку историја. Имено, Ситроен со идеја и желба во средината на триесеттите години на минатиот век, да ја моторизира тогаш пост воена Франција, креира проект односно прототип на автомобил познат како TPV(Toute Petite Voiture – Многу Мал Автомобил).
Првиот прототип е завршен во 1936 година. Со тежина од 370 килограми и едно предно светло, можел да пренесе 4 патници и багаж до 50 килограми и сето тоа со брзина од 50 километри на час. Но “благодарение” на втората светска војна, популарниот Спачек светлината на денот ја здогледа 12 години после креирањето на првиот прототип на истиот.

Citroen 2cv Sahara 4×4
Автомобилот својата промоција ја доживеал пред точно 75 години, односно на 7 Окмоври 1948 година на саемот во Париз. Интересно, покрај сите каросериски измени низ текот на годините на производство на Спачекот, кои не се малку, дури 42, моторот останува боксер со воздушно ладење и неговата сила варира од првобитните 9 коњи па се до 32 коњски сили во последните верзии на Спачек односно Citroen 2cv. Произведен е во преку 5 милиона примероци заедно со неговите деривати, во 5 земји меѓу кои и Југославија, па од таму и големата популарност на Спачекот кај нас.

Спачекот на нашиот прв претседател, Љупчо Поповски



