Драги пријатели, љубители на Спачеците, после долготрајните и макотрпни напори, пронајдена е замената на Випава како место на кое ќе се одржи светскиот собир на љубителите на Спачекот 25ти по ред уште од 1975 година, а тоа е Постојна односно аеродромот во истоименото место.

Постојна се наоѓа на само 25км од првично планираната локација а тоа е Випава. До оваа промена дојде како резултат на мрежата Натура 2000, чијашто главна цел е да се зачува биолошката разновидност за идните генерации, како клучен дел во функционирањето на екосистемот. Истата претставува најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во светот. Сочинува над 18% од копното и скоро 6% од морската територија на ЕУ. Во истата спаѓа Випавската долина.

Постојна претставува одлична алтернатива на првично планираната локација, нудејќи слична инфраструктура, вклучувајќи продавници, бензински станици како и медицински установи. Се наоѓа на само 50 км од главниот град на Словенија, Љубљана и е дом на познатата Постојнска пештера.

За оние кои не се љубители на кампирањето и веќе имаат резервирано сместување во Випава, ве уверуваме дека во Постојна постојат исто така голем број на опции за сместување и слетствено на тоа пронаоѓањето на ново сместување нема да претставува никаков проблем.




