Наше прво учество на првиот Citroen 2cv Susret – Srbija 2023

2cv camp

Драги наши читатели, задоволство ни е да ви прикажеме мал дел од случувањата на оваа средба која се одржа 09.06 – 11.06.2023 во Бачка Топола, каде нашиот клуб зема учество со две возила сочинети од следниот екипаж: Citroen 2cv 1974 – Унко и Мето и исто така Citroen 2cv 1974 – со Фиќо и Ниџо.

2cv's with it's crew members

Дел од првичната посада: Фиќо, Ниџо и Мето

И покрај тоа што се упативме кон Србија ненаспани, со леснотија го совладавме патот до Бачка Топола. После 650 км уживање во нашите Спачеци, пристигнавме на конечната дестинација. Веднаш следеше сместување во преубавиот камп во кој се случуваа главните збиднувања, а таму не пречекаа пријатни луѓе полни со позитивна енергија, ентузијазам и љубов кон Citroen 2cv возилата, спремни за дружба и незаборавни моменти. По завршување на сите камперски активности како поставување на шатори, тенди, маси, столици и мачкање против комарци следуваше дружење со стари и запознавање на нови пријатели од Србија, БиХ, Словенија, Хрватска, Унгарија и Германија.

2cv crew members

Целокупната посада со претседателот Унко

На 10.06 се упативме на вожња Бачка Топола – Суботица – Палиќ со љубителите на овие возила каде пред “Градска куќа” во Суботица беа изложени 25 возила од горе споменатите држави. По завршување на изложбата следеше разгледување на “Градска куќа”, прекрасен ручек во “Вински двор” со дегустација на нивно домашно вино во Палиќ и прошетка по обалата на Палиќкото езеро. Запознати со културата, обичаите како и одличната храна и вино во Војводина се вративме во кампот каде следеше ноќ за паметење со дружба со останатите Citroen 2cv ентузијасти, зачинета со блуз бенд.

2cv in camp

“Нашите” Спачеци сместени и спремни за кампување

Утрото на 11.06 следеше доделување на награди (каде нашиот клуб ја доби наградата за “прво пристигнато возило во кампот”) и желба овој настан да потрае барем уште неколку дена. Во кратки црти ова беше накратко раскажано нашето патување кое ке остане длабоко во нашите сеќавања и им посакуваме на организаторите 2CV CITROEN – VOJVODINA овој настан да остане во традиција, а на вас во прилог ви оставаме да ги погледнете сликите и видеото од овој “CITROEN 2CV SUSRET – SRBIJA 2023”.

Галерија: