Почитувани, чест и задоволство ни е да ве поканиме на новогодишниот олдтајмер собир организиран од страна на Клуб Спачек. Истиот е поддржан од страна на општина Кисела Вода на коишто во оваа прилика сакаме јавно да им се заблагодариме.
Новогодишниот олдтајмер собир ќе биде со следната агенда:
09:00 – Собирање на aвтомобилите учесници на паркингот пред општината К.Вода.
9:30 – Поаѓање во колона од паркингот по булеварот Борис Трајковски,
се вози до паркингот пред крстот во Драчево.
10:30 – Поставување на возилата на паркингот пред крстот во Драчево.
11:00 – Отварање на настанот со обраќање од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода и поздравен говор на претседателот на Цитроен 2цв Клуб Скопје.
11:00 – Ќе бидат изложени разновидни олдтајмер возила од повеќе клубови каде ќе може да се запознаат посетителите со сопствениците на возилата и да дознаат интересни информации за нив.
13:00 – Натпревар во спретно возење.
14:00 – Доделување на награди и благодарници за учесниците.
15:00 – Завршување на настанот и враќање на возилата во колона кон центарот на Скопје по
булеварот Борис Трајковски.
Се гледаме, ваш Клуб Спачек.



