Почитувани, чест и задоволство ни е да ве поканиме на настан од ваков карактер за прв пат организиран од наша страна, од клуб Спачек односно дводневно кампување во Охрид, Љубаништа.
Настанот е наменет за сите љубители на Ситроеновата А-серија(Спачек, Дијана, Ами, Мехари, Пони…) со цел да се собереме заедно на едно место и да уживаме во дружбата и убавините на нашата држава. Истиот ќе се одржи во Охрид односно во автокамп Љубаништа во период од 17.05-19.05.2024 година.
Котизацијата ќе изнесува 25 евра и во неа ќе бидат вклучени закуп место за шатор за 2 лица, 2 доручека, вечера како и ручек во Охрид.




