Историјата е испишана! Првиот Спачек односно Citroen 2cv кој успешно ја помина целта на едно од Дакар релијата од својот 15-ти обид. За овој епохален успех заслужни се возачот и совозачот Барбора Холицка и Луси Енгова како и главниот механичар Томас Неруда, сите заедно од Чешка.
Релито Дакар е едно од најтешките релија во светот на мотоспортот и кое воедно бара пред се голема спремност и знаење кога станува збор при подготовката на еден автомобил за едно вакво натпреварување, тоа особено важи за Спачекот којшто е придвижен од воздушно ладен боксер мотор од два цилиндри, 602 кубика и максимални 32 коњски сили.

Луси Енгова и Барбора Холицка во својот Спачек
Најблаго кажано, ова беше многу храбар потег, но не и за пријателките Барбора Холицка и Луси Енгова. Автомобил како Спачек секако не претставува најсоодветен избор за автомобил за едно вакво натпреварување, но како и за се па така и за овој потег, постои претходна историја.
Барбора Холицка, всушност, е двоен рели Чешки шампион која се единствено, екслузивно, се натпреварува само во Цитроени.
“Јас сум во мотоспортот повеќе од 10 години, возејќи во Чешкиот рели шампионат” – изјави Холицка за официјалниот Дакар вебсајт.
“Кога се укажа можноста да се натпреварувам во мотоспортот, мојот фокус беше единствено на тоа – без одмори и шопинг! Јас имам веќе историја зад мене во класичното рели како и брдско-планинските трки, но кога станува збор за релија за теренска издржливост, тоа за мене претставуваше вистински предизвик. Дакар е нешто за што всушност никогаш не можев ни да помислам дека ќе се случи.
Познавав луѓе што работат баш на релито Дакар како механичари и секогаш се шегував со нив и им велев – земете со вас! Така ја запознав и Олга” – вели возачот на првиот Спачек кој испиша историја на ова рели.
Олга Ручкова е главна на Чешкиот Самураи тим, чијшто дел од тимот беше и Спачекот на Барбора, но исто така и натпреварувач на Дакар релито.
Откако тие две се запознале на локален рели настан, Ручкова ја повикала на минатогодишното Дакар рели, за да и самата види за што всушност се работи.

Еден од најголемите предизвици на рели Дакар – песокот
Откако и се допаднало тоа што успеала да го види, Холицка веќе почнала да ја планира својата Дакар авантура. По совет на Ручкова започнала да гледа кој автомобил да го одбере за класата на classic car category.
“Мене најмногу ме привлече Ситроен ZX Rallye-Raid, но беше прескап за мене во тој момент.” Тогаш еден пријател кажа: “Треба да се натпреваруваш со 2cv односно со Спачек, ќе биде забавно а и сите го сакаат.”
Спачекот од 1979 година во оригинална кафеава боја, за прв пат бил претставен од страна на Холицка на минато годишното “Rallye Berounka Revival”. Но и покрај веќе постоечката историја на вакви настани, дури 14 пати пред нејзиниот настап, на автомобилот му биле потребни сериозни подготовки пред да биде целосно спремен за бруталните пустински услови кои ги пружа Саудиска Арабија. За да се испише историјата со ваков автомобил, да станете првиот Спачек во светот којшто го постигнал ова, секако потребен ви е одличен тим од механичари.

Холицка и Енгова во една од етапите на релито Дакар



